Дома Фудбал Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје за трагедијата во Кочани

Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје за трагедијата во Кочани

Како акт за помош на настраданите во огнената стихија во Кочани, Генералниот директор на белградска Црвена звезда Звездан Терзиќ и Извршниот директор на скопски Вардар Миленко Неделковски, се договорија двата клуба да одиграат хуманитарен натпревар во Скопје на 16 април.

Сите средства собрани од влезници и спонзори ќе одат за семејствата на настраданите во огнениот пекол во Кочани.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Натпреварот ќе се игра во ноќен термин под рефлектори.

ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег.

Двата клуба договорот ќе го потпишат во текот на утрешниот ден.

Исто така се изразува голема благодарност до легендата на Вардар и Црвена звезда Илија Најдоски, со чие посредништво е овозможен овој спектакл.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капитенот се исплаши од црна магија: Неговата реакција стана хит

Фудбалскиот тим на Јамајка и понатаму се бори за учество на годинешното Светско првенство.…