Дома Фудбал ВАР повторно е тема во Англија: На идиотите им требаше пет минути за да го прегледаат ова!

ВАР повторно е тема во Англија: На идиотите им требаше пет минути за да го прегледаат ова!

Одлуките на ВАР повторно предизвикаа жестоки реакции поради тоа што судиите потрошија над пет минути за очигледен офсајд во натпревар од 14-то коло на англиската Премиер лига помеѓу Вулверхемптон и Нотингем Форест (0:1).

Гостите поведоа во 38-мата минута од корнер, кога Игор Жесус ја смести топката во мрежата со глава, но веднаш потоа ВАР судиите почнаа да ја анализираат ситуацијата.

Екранизација, задоцнет развој, аутизам, инклузија – што треба да знаат родителите


На снимките беше очигледно дека Дaн Ндоје беше во офсајд позиција, притоа блокирајќи му го видното поле на голманот на Вулвс, Сем Џонстон. Но, проверката траеше долги пет минути, па навивачите се прашуваа зошто е потребно толку време да се потврди нешто што беше јасно како ден.

“Идиотите потрошија пет минути за да утврдат дека ова е офсајд? Потполно нелогично. Голот беше поништен во корист на Вулвс, но сепак, пет минути?”, револтирано прокоментира еден навивач на платформата X.

Друг навивач исто така се изрази критички кон судиите: “Пет минути да се утврди офсајд што е толку јасно е срамно за професионалци во наводно најдобрата лига на светот.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Навивачите на Ливерпул се бесни: Не можат да поверуваат што направи Слот по уште еден кикс на „Енфилд“ (Фото)

Ливерпул игра слабо, понекогаш може да се крене малку, но тоа многу брзо се заборава, така…