Дома Фудбал ВАР ќе има повеќе работа во иднина: Голема промена во фудбалските правила пред Светското првенство

ВАР ќе има повеќе работа во иднина: Голема промена во фудбалските правила пред Светското првенство

Минатата сабота беше одржана годишната асамблеја на Меѓународниот борд за фудбалски правила (ИФАБ) на која беа одобрени предлозите за нов начин на примена на ВАР технологијата. Сè заедно би требало да стапи на сила на 1 јуни, за да се имплeментираат новите правила на Светското првенство во Канада, Мексико и САД.

Конкретно, од сега натаму ВАР ќе може да се вклучува за корнери, втори жолти картони и спречување на одложување, при што ќе се воведат одбројувања при изведување на гол-аут и замена на играчи.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Ваквите одлуки ги поддржува и Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) која се согласува со сето ова, додека интервенциите околу тоа дали е корнер или не засега ќе бидат препуштени на националните првенства. Така, засега се знае дека УЕФА и Премиер лига се против тоа бидејќи сметаат дека дополнително би се забавила играта, додека Серија А порача дека тие ќе го воведат и тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англичаните откриваат зошто Шешко сега блеска – ги сменил стаклата на својот дом!

Бенџамин Шешко се покажа во ново светло во дресот на Манчестер Јунајтед, а медиумите од Ан…