
Разводот меѓу Мауро Икарди и Ванда Нара, кој се води пред италијанските судови, се претвора во вистинска правна битка – а најновите детали би можеле целосно да го променат текот на процесот.
Според информациите што ги објави новинарот Густаво Мендез во емисијата “Мухерес Аргентинас”, Икарди е решен да докаже дека Ванда била неверна за време на бракот, што според италијанскиот закон би можело да има сериозни финансиски последици за неа.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
– Тоа што ми јавуваат е дека, ако се потврди прељубата, а Мауро е уверен дека ќе се потврди, Ванда ќе мора да го издржува Икарди сѐ додека тој не се ожени повторно – изјави Мендез.
Наводно, правниот тим на Икарди подготвува докази за наводните афери на Ванда со тројца мажи: фудбалерот Федерик Фацијо, Кеита Балде (чиишто афера ја потврди неговата сопруга Симона во ТВ интервју) и пејачот Л-Ганте, со кого Ванда, како што тврди Мендез, наводно започнала врска уште во 2022 година.
Освен тоа, адвокатката Маријана Галего истакна дека тимот на Икарди се обидува да го оспори и предбрачниот договор потпишан во 2021 година за време на познатиот “Чајна-гејт” скандал. Тогаш договорот бил претставен како начин да се заштити имотот и интересите на двете страни, но сега се тврди дека Ванда го потпишала под притисок.