Дома Фудбал Ван Нистелрој сакал да се тепа со една од ѕвездите на Лестер

Ван Нистелрој сакал да се тепа со една од ѕвездите на Лестер

Лестер Сити се соочува со сериозна криза откако тензиите во соблекувалната дополнително се зголемија по седмиот последователен пораз, овој пат против Фулам.

Откако Руд ван Нистелрој накратко го презеде Манчестер Јунајтед забележуваше победи и сите потајно се надеваа дека легендата ќе остане нешто подолго на клупата.


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Сепак, неколку дена потоа светот беше запознаен со фактот дека Рубен Аморим е новиот тренер на Јунајтед, што го остави Ван Нистелрој без работа.

Холанѓанецот, како ни Аморим, не сакаше да остане помошник тренер, гледајќи дека може да постигне солидни резултати и кога е тој „главен“.

Па така замина за Лестер, тим кој успеа да се врати во Премиер лигата и во моментот кога тој ги презеде, во ноември, се криеше во жестока борба за опстанок.

Холанѓанецот помисли дека некои работи ќе ги реши и со малку поагресивен став, но се излажа.

Според дел од англиските медиуми, Руд по поразот пред домашната публика за малку ќе предизвикаше тепачка.

Тој по натпреварот влезе во соблекувалната и почна да ги обвинува сите играчи.

Сè додека не стигна до младиот Факундо Буонаноте кој беше еден од „најголемите“ виновници за неговото незадоволство, по што следел физички инцидент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал најде замена за Модриќ?

Реал Мадрид стапи во контакт со репрезентативецот на Баерн, Џошуа Kимиќ (29), на кого на 3…