Дома Фудбал Ван Дајк за поништениот гол: Не гледам смисла да дискутираме

Ван Дајк за поништениот гол: Не гледам смисла да дискутираме

Иако Ливерпул беше надигран во играта, останува прашањето дали е оштетен за еден гол. Капитенот Вирџил ван Дајк со глава ја смести топката во мрежата по корнерот на Мохамед Салах, но голот беше поништен поради проценката дека Енди Робертсон ја нарушувал играта од офсајд позиција.

По натпреварот, холандскиот дефанзивец избегна да влегува во дебата за судиската одлука. “Во фудбалот, судиите носат клучни одлуки и ние мораме да се справиме со тоа на теренот. Нема смисла да дискутираме од мој аспект. Реалноста е дека изгубивме со 3:0 и тоа е сериозен удар”, изјави Ван Дајк за Скај Спортс.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


“Не е важно што ќе кажам за голот, бидејќи сѐ што ќе кажам ќе се појави во медиумите и целата репрезентативна пауза ќе се зборува за мојот коментар на одлуката. Јас се фокусирам на фактот што изгубивме, а вие можете да расправате дали голот требало да се признае. Сега одиме кон нашите репрезентации, а по тоа нѐ чека важен серијал на натпревари. Нема да се откажеме под никакви услови.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Истиот судија, иста ситуација – Сити доби гол, а на Ливерпул му го поништија (Фото)

Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Арне Слот, беше самокритичен по тешкиот пораз од Манч…