
Ниту еден играч што нема желба да се бори не му е место во Ливерпул, вели капитенот Вирџил ван Дајк по поразот од Нотингем Форест на Енфилд.
И додава дека екипата го изневерила тренерот.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
„Дефинитивно го изневеривме тренерот, се изневеривме и самите себе. Прво мораш да се погледнеш себеси, а потоа да видиш како да помогнеш на другите да излеземе од овој хаос. Зашто во овој момент, ова е само хаос. Тоа е фактичка состојба“, искрен беше по натпреварот Ван Дајк.
„Како шампиони не смееме да бидеме во состојба во која сме сега, тоа е друга фактичка состојба. Прашање е што ќе направиме по тој повод. Ќе се обидеме да ја преокренеме ситуацијата, тоа е менталитетот што сите мора да го имаме“, додаде тој.
Беше искрен и на прашањето дали имаше гнев и лутина во соблекувалната:
„Да, имаше. И треба да има. Треба да бидеме лути. За мене најважно е секој од нас да преземе одговорност. Дали тоа луѓето го прават, не знам. Но, тоа мора да се направи. Тоа е основното што сакам момците да го направат. Не е лесно, но мораме тоа да го направиме ако сакаме излез од ова.
Сакам сите да преземат одговорност на теренот. Тоа е неопходно за да се поттурнуваме еден друг, за да се направиме еден друг подобри. Ако некој оди напред, останатите мора да го следат. Тоа се основни работи кои ги немаме доволно и на кои мора да се вратиме. Да, можеби е полесно да се размислува за некоја лична состојба отколку за колективот кога работите не одат добро. Не сакам многу да се враќам на минатата сезона. Имавме нов тренер и никој не знаеше што да очекува, а бевме неверојатно константни,“ продолжи капитенот на Ливерпул.
.