Дома Фудбал Валенсија на Столе го победи Сосиедад и конечно побегна од дното на Примера

Валенсија на Столе го победи Сосиедад и конечно побегна од дното на Примера

Валенсија го совлада Реал Сосиедад со 1-0 во последниот натпревар од 20. коло на Ла Лига и избега од дното на табелата.

Јунак на натпреварот беше Дуро, кој во 26. минута го постигна единствениот гол на Местаља.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Валенсија со овој гол побегна од дното на табелата и сега има 16 бода, еден повеќе од Виљареал.

Сосиедад со овој пораз ја пропушти шансата да се најде на позициите кои доаѓаат со играњето во Европа.

Столе Димитриевски остана на клупата, откако по повредата помеѓу стативите се врати Мамардашвили.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Легендарниот напаѓач на Милан имал разговор со Модриќ, откри што му кажал

Андриј Шевченко го посети тренинг кампот на Милан, при што топло се поздрави со Лука Модри…