Дома Останати Кошарка Вакво нешто ретко се гледа: Луда тројка на Стеф Кари! (Видео)

Вакво нешто ретко се гледа: Луда тројка на Стеф Кари! (Видео)

Стеф Кари одамна се смета за многумина најдобар шутер на сите времиња, а во синоќешниот натпревар потсети дека за него не постои позиција на теренот од која не може да постигне кош. Американските новинари одат дотаму што тројката што ја постигна во победата од 121:119 против Бруклин Нетс ја нарекуваат еден од најлудите кошеви во неговата кариера.

Кари го водеше Вориорс до трета последователна победа со 40 поени. Доколку го задржи просекот од оваа сезона (24.1 поен), во следниот натпревар ќе ја премине границата од 25.000 поени постигнати во кариерата и дополнително ќе се приближи до 25-тото место на листата на најдобрите стрелци во НБА лигата на сите времиња, каде што е Џери Вест со 25.192 поени.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Она каде што Кари одамна е прв е листата на играчи по бројот на постигнати тројки. Со 3989 постигнати тројки тој е убедливо прв пред Џејмс Харден, кој има постигнато 3112 тројки, а вчера својот резултат Кари го зголеми за седум тројки. Ги постигна од 13 обиди, а најлудата беше оваа:

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво нешто не се памети: Ова е најлошиот настап во еден НБА плеј-оф!

Кошаркарот на Милвоки Бакс, Кајл Кузма, го запиша официјално најлошиот настап во историјат…