Дома Фудбал Вакво нешто не се памети: Никој не знаеше за засилувањето на Порто – сите беа шокирани кога се појави на теренот пред натпреварот! (Видео)

Вакво нешто не се памети: Никој не знаеше за засилувањето на Порто – сите беа шокирани кога се појави на теренот пред натпреварот! (Видео)

Сите на стадионот беа вчудоневидени. Каков маркетиншки потег на португалскиот гигант!

Многумина веќе и не се сеќаваат на животот без социјални мрежи, без брзото ширење на информации, без фудбалски и спортски инсајдери.

Фабрицио Романо ги направи трансфер периодите помалку изненадувачки со своите информации и потписите се откриваат многу порано отколку да се потврдат, па сега никој не е зачуден од нив. Но, на некаков магичен начин, вчера бевме сведоци на трансфер што никој не го знаеше. Ниту еден новинар не објави најава за засилувањето на Порто, поради што самата промоција беше спектакуларна.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


За време на претставувањето на тимот за новата сезона, пред пријателскиот дуел против Атлетико Мадрид на “Драгао”, говорникот ги изненади и шокираше навивачите така што на теренот го повика поранешениот напаѓач на Барселона и до неодамна капитен на ПСВ, Лук де Јонг.

Тоа беше потег што Порто сакаше да го задржи во тајност. Претседателот Андре Вилаш-Боаш лично учествуваше во трансферот и Холанѓанецот беше негова желба, во консултација со тренерот Франческо Фариоли кој многу добро го запозна минатата сезона во Ередивизија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Не му требаше многу: Рашфорд го постигна првенецот во дресот на Барселона (Видео)

Барселона во предсезонската пресметка го совлада корејскиот Даегу со резултат од 5:0, каде…