Дома Фудбал Вакво нешто не се памети: Кондициски тренер го исфрли својот тим од купот!

Вакво нешто не се памети: Кондициски тренер го исфрли својот тим од купот!

Куп натпреварите отсекогаш биле познати по неочекуваните изненадувања и необични приказни, а една таква се случи во вторник навечер во Холандија.

Главниот херој на оваа приказна е Гершом Клок – 35-годишен спортист кој работи како кондициски тренер во второлигашот Емен, но истовремено ја продолжува својата фудбалска кариера како играч за четвртолигашот Хогевејн. Токму во мечот меѓу овие два клуба се испишуваше едно од најнеобичните поглавја од фудбалската приказна.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Хогевејн приреди сензација елиминирајќи го фаворизираниот Емен со резултат 1:0, додека Клок играше целите 90 минути против клубот во кој работи.

”Ова е историски момент за клубот и јас сега сум дел од него”, изјави тој по натпреварот за ESPN.

По овој неверојатен резултат, Клок одлучи да се одмори малку – денот по натпреварот го зеде слободен.

”Мислам дека момците и не сакаа да ме видат”, се насмевна тој. На прашањето дали се плаши за работното место, одговори со ист тон: ”Не би им замерил ако ме пратат на пауза, но верувам дека сè ќе остане професионално.”

Призна дека колегите од Емен пред натпреварот го пречекаа на пријателски и спортски начин, но со почетокот на дуелот емоциите беа оставени настрана.

”Уште се чувствувам премногу како фудбалер за да размислувам поинаку”, додаде тој.

Херојот на купот најави дека ќе се врати во фитнес салата до крајот на неделата, сега во улога на тренер на Емен.

”Сега го уживам овој момент, но штом повторно ја облечам тренерката на Емен, ќе го дадам најдоброто за клубот. Тоа ми се чини логично. Не верувам дека некој ќе ми замери”, заклучи тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бомба од Мадрид: Aнглискиот гигант може да ја искористи ситуацијата со Винисиус, веќе започнал преговори!

Манчестер Јунајтед ја засилува својата заинтересираност за Винисиус по неодамнешниот инцид…