Дома Фудбал Ваква магија не се памети: Стопер постигна гол со рабона надвор од шеснаесетникот! (Видео)

Ваква магија не се памети: Стопер постигна гол со рабона надвор од шеснаесетникот! (Видео)

Вчера вечер беше одигран дванаесеттиот круг од Ботола Про лигата во Мароко, каде што се видовме со еден од највпечатливите, ако не и најдобриот гол на оваа година.

Иако многумина мислеа дека магијата на Арда Гулер ќе биде наречена гол на годината, на крај тоа може да не биде случај.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


На она што вчера го направи еден стопер на мечот во мароканската лига би можел да му позавиди и Златан Ибрахимовиќ..

Стоперот успеа оддалеку, надвор од казнениот простор, да постигне неверојатен гол со рабона удар.

Рабона ударите имаат секогаш специјална магија, но овие од така далечна позиција се вистинска реткост, а уште повеќе е неверојатно што во прашање е стопер.

Станува збор за Дрис Ел Џабали, чиј гол сигурно ќе биде во трката за наградата Пушкаш во 2026 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Во Јувентус воодушевени: Позната иднината на фудбалерот кој пристигна во јануари

Јувентус е воодушевен од новиот фудбалер што го донесоа во февруари годинава. Жереми Бога …