Дома Фудбал Ваква драма на се памети: Серија А го закажа датумот за потенцијална мајсторка за титулата!

Ваква драма на се памети: Серија А го закажа датумот за потенцијална мајсторка за титулата!

Фудбалерите на Наполи и Интер ќе се натпреваруваат во последното коло на Серија А во петок за шампионската титула во Италија.

Двата тима вчера одиграа нерешено против Парма, односно Лацио, па така екипата на Антонио Конте влезе во последното коло со “+1”. Неверојатниот исход на сезоната дополнително го зачинува и фактот дека тренерите на двата кандидати за титулата се суспендирани за последното коло поради исклучувањата кои ги добија во недела вечерта.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Значи, големи се шансите во петок во 20.45 часот, да знаеме кој е шампион на Италија. Но, постои и сценарио според кое би се одиграл решавачки натпревар за титулата. Ако Наполи загуби од Каљари, а Интер ремизира против Комо, двете екипи ќе се соочат во понеделник на 26 мај.

Тоа би се случило само пет дена пред финалето на Лигата на Шампионите кое Интер ќе го одигра во сабота, 31 мај против Пари Сент Жермен.

Фото: Inter FC/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кевин Де Брујне се приклучува на новиот шампион на Италија ?

Според италијанските медиуми, Наполи го финализирал договорот и планира да го донесе 33-го…