Дома Фудбал Останато Ваков нокаут не се памети: Со еден потег го „патосираше“ – коментаторите паднаа во транс! (Видео)

Ваков нокаут не се памети: Со еден потег го „патосираше“ – коментаторите паднаа во транс! (Видео)

На вчерашниот настан Xtreme Fighting Championship 52 во американскиот Iowa City се случи спектакуларен нокаут кој веднаш ги освои социјалните мрежи и MMA заедницата. Иако не станува збор за широко познат настан, дебитантскиот настап на 25-годишниот Американец Јарон Латроп стана вистински вирален хит.

Латроп во својот прв професионален ММА натпревар во мува категорија се исправи против Украинецот Евгениј Шинкаревски, кој настапуваше под знамето на Израел и дотогаш имаше две професионални победи без пораз. Но, Шинкаревски не издржа ниту една рунда.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Борбата заврши со фантастичен потег на Латроп уште во првата рунда. Откако Шинкаревски му го фати левиот „мидл кик“, младиот Американец со неверојатна техника од круг го погоди противникот со десната нога во глава. Иако Украинецот сè уште беше свесен по тој удар, Латроп брзо ја заврши работата со дополнителни удари на земјата. Коментаторите врескаа од неверување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Човечката глупост нема граници: Му плати на Тајсон за да го „следи“ на Инстаграм

Еден фан на легендарниот Мајк Тајсон го подигна нивото на сосема нов степен, откако издвои…