Дома Фудбал Ваков Мурињо не сме го виделе: Со очи полни солзи зборуваше за големата трагедија (Видео)

Ваков Мурињо не сме го виделе: Со очи полни солзи зборуваше за големата трагедија (Видео)

Португалскиот фудбал беше погоден со уште една голема трагедија по смртта на Жорге Коста, некогашен капитен на ФК Порто, на возраст од 54 години. Причината за смртта била срцев удар.

Жорге Коста, со прекарот „Шефот“, беше еден од најзначајните дефанзивци во историјата на Порто. Неговата најголема победа во кариерата се случи во 2004 година кога под водство на Жозе Мурињо, со Порто освои Лига на шампионите на УЕФА.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Играше клучна улога во таа историска екипа и беше лидер на теренот. Неговата страст, лидерски способности и лојалност кон клубот го направија клупска легенда.

Смртта на поранешниот капитен длабоко го погоди Жозе Мурињо, сегашен тренер на Фенербахче. Емотивно реагираше и не ја криеше својата тага на конференцијата за медиумите во пресрет на квалификацискиот натпреварот за Лигата на шампионите против Феенорд во Ротердам.

“Навистина сум тажен, но заборавете на фудбалот, фокусирајте се на него, на неговите деца, кои се уште мали, а кои ги запознав. Секако, сум тажен, но не сум тука. Кога би можел да седне и да разговара со мене, ќе ми каже: ‘Ајде, заврши ја твојата конференција и подготви се за утрешниот натпревар, а потоа заборави на мене.’ Тоа би бил Жорге. Ќе се обидам да ја завршам мојата работа, а подоцна ќе плачам”, изјави Мурињо, кој на Инстаграм објави и нивна заедничка фотографија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

ФФМ ја најави новата сезона во ПМФЛ: Од кого што може да се очекува?

Со нови предизвици и повеќе прашања отколку одговори, на 8. август (петок) започнува новат…