Дома Останати Кошарка Вака НБА кошаркарите на Мајами дознаа за трејдот на најголемите ѕвезди на тимот: Ги ограбивме! (Видео)

Вака НБА кошаркарите на Мајами дознаа за трејдот на најголемите ѕвезди на тимот: Ги ограбивме! (Видео)

Последниот ден од трејд или преодниот период во НБА лигата донесе одговор од Голден Стејт на шокантната размена на играчи меѓу Далас и Лејкерс во која Лука Дончиќ пристигна во ЛА, а Ентони Дејвис се пресели во Тексас.

Од Мајами во Голден Стејт дојде Џими Батлер, кој доби 121 милион долари за двегодишен договор, додека во спротивна насока замина Ендру Вигинс. Сè се одигра во склопот на акција изведена меѓу четири клуба.

Golden State го доби:


Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓


Џими Батлер (17 поени, 5.2 скока и 4.8 асистенции за Хит оваа сезона)

Мајами ги доби:

Ендру Вигинс (17.6 поени, 4.6 скокови за Вориорс оваа сезона)

Кајл Андерсон

П. Џ. Такер

зИзбор од првиот круг на драфтот 2025 с

Јута ги доби:

Денис Шрудер (14.4 поени, 5.5 асистенции за Нетс и Вориорс оваа сезона)

Вториот избор од драфтот 2031 година

Детроит ги доби::

Линди Вотерс III.

Џош Ричардсон

Вториот избор на драфтот

Еден навивач во текот на натпреварот им откриваше на кошаркарите на клупата што се случува.

Кога трејдот беше објавен, Мајами играше против Филаделфија на својот терен. Играчите на Хит не беа свесни за ова бидејќи им е забрането да имаат мобилни телефони на клупата. Но, затоа навивачите ги носат на трибините. Така, еден од нив беше снимен како од таму ја објавува веста за големата размена на играчи на Кевин Лав, Хеме Хѐкез и Тајлер.

“За Батлер ги добивме Андерсон, Такер, Вигинс и Шрудер. Ги ограбивме”, вели додека гспоменатата тројка внимателно слуша како останале без најголемата ѕвезда. Но, навивачот на Хит делумно погреши бидејќи Шрудер во склопот на трејдот не отиде во Голден Стејт, туку во Јута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Заврши најголемата сага: Голден Стејт „жртвува“ двајца кошаркари за Батлер

Заврши една од најголемите саги на крајот од периодот за трансфери. Џими Батлер конечно ја…