
Деонтај Вајлдер, еден од најдобрите тешкаши во модерната историја на боксот, овој викенд се враќа во рингот. Во петок ќе настапи во повратничкиот меч против Тајрел Ентони Херндон, откако беше отсутен од рингот една година. Во најавата за мечот, за BoxingScene изјави дека боксот не го смета за спорт.
„Бизнисот во боксот ми донесе повеќе штета отколку корист. Ова, на крајот на краиштата, не е спорт. Не сакам кога луѓето го нарекуваат боксот спорт. Зошто некој би ја нарекол оваа индустрија така? Објаснете ми. Тоа што мажи се наоѓаат во рингот не го прави боксот спорт. За да биде ова спорт, треба да сме спортисти. Боксот нема ништо од она што другите спортови им го нудат на спортистите”, започна Вајлдер.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Вајлдер од 2015 до 2020 година беше светски првак во WBC. Во кариерата има скор 43:1:1 (43 победи, еден пораз и еден нерешен). Сите четири порази ги доживеа во последните пет меча.
Фото: Принтскрин