
Тешка трагедија го потресе Казахстан. За време на натпреварот во Втората лига меѓу екипите на Хан-Тянгри и Екибастуз, својот живот го загуби 19-годишниот фудбалер на домашниот тим, Диас Толеу.
Фудбалската јавност во Казахстан, а потоа и ширум светот беше запрепастена од ненадејната смрт на младиот напаѓач на клубот Хан-Тянгри, Диас Толеу.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Трагедијата се случи на 16 октомври 2025 година, за време на натпреварот од Првата лига помеѓу Хан-Тянгри и Екибастуз. Во 64. минута, Диас се почувствува лошо и мораше да биде изнесен од теренот на носилки. Неговата смрт беше потврдена подоцна.
Сѐ започна по еден судир, кога Диас се пожали на повреда. Еден од соиграчите се обиде да му ја истегне ногата, а кога тоа не помогна, Диас побара медицинска помош. Лекарите итно пристигнаа на теренот и го изнесоа со носилки за да го однесат во амбулантното возило, од каде што беше префрлен во клиника. Во тој момент немаше навестување за трагичниот исход.
– Инцидентот се случи за време на натпреварот. Како и на сите домашни натпревари, итната помош беше присутна на стадионот. Играчот веднаш доби прва медицинска помош и за кратко време беше пренесен во болница. Но, и покрај напорите на лекарите, Диас не успеа да биде спасен. Во име на клубот, изразуваме длабоко сочувство до семејството, роднините и пријателите на Диас. Неговото сеќавање ќе остане засекогаш во нашите срца – се наведува во соопштението на клубот на Инстаграм.