Дома Фудбал Ужас пред дербито: Ѕид се урна врз навивачите – има загинати и повредени (Видео)

Ужас пред дербито: Ѕид се урна врз навивачите – има загинати и повредени (Видео)

Едно лице загина, а 47 беа повредени за време на собирањето на навивачите на јужната трибина на стадионот Алехандро Вилануева во Лима, во пресрет на фудбалското дерби меѓу Универзитарио де Депортес и Алијанса Лима, објавија властите.

Инцидентот се случи вчера околу 18 часот за време на собирањето на навивачите познато како „бандеразо“, кога поддржувачите на Алијанса Лима мавтаа со знамиња на стадионот познат како Матуте, во општината Ла Викторија, пренесе порталот „Инфобае“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Според првите извештаи, дојде до уривање на структурата во близина на портата 13, но бригадирот Маркос Пахуелo од противпожарната служба негираше дека трибината претрпела структурни оштетувања.

Според него, најверојатно станува збор за инцидент предизвикан од туркање меѓу навивачите што довело до гужва.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола со тажни зборови го најави најголемиот трансфер на следното лето

Денес ќе се одиграат три натпревари од четврт-финалето на ФА Купот, но еден привлекува мно…