Дома Фудбал Утрото донесе лоши вести за сите навивачи на Барселона, но и за тренерот Флик

Утрото донесе лоши вести за сите навивачи на Барселона, но и за тренерот Флик

Откако синоќа аргентинскиот новинар Уго Баласоне објави вистинска бомба, утрото донесе ужасни вести за навивачите на Барселона.

Имено, новинарот од Аргентина синоќа пренесе вест дека Хулијан Алварез ќе стане нов играч на Барселона по Светското првенство.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Алварез, по две години поминати во Атлетико Мадрид, треба да го напушти овој клуб и кариерата да ја продолжи на друго место.

За него покажаа голем интерес два клуба, а освен Барселона, тоа е и тековниот лидер на Премиерлигата, тимот на Арсенал.

Сепак, Баласоне синоќа отиде чекор понапред и пренесе информација дека сè е завршено.

„Хулијан Алварез ќе стане нов играч на Барселона по Светското првенство.

Вредноста на трансферот ќе биде околу 70 милиони евра. Неговото време во Атлетико Мадрид е сè поблиску до истекот”, тврди Аргентинецот.

Како причина за заминувањето, тој наведе дека Алварез едноставно сака да игра во подобар тим каде може да освои повеќе трофеи.

Потврди и дека постоел интерес од Англија, поточно од Арсенал, но дека самиот играч одлучил дека сака да игра за Барселона.

Санти Овале донесе сосема различни информации.

„Барселона е информирана дека Атлетико Мадрид за Хулијан Алварез сака околу 200 милиони евра”, тврди Санти Овале.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид добива специјален дрес за 125. роденден (Фото)

Реал Мадрид се подготвува за голем јубилеј – 125 години од своето основање, а во чест на и…