Дома Фудбал Урнебесно: Голманот на Арсенал облечен како стујардеса делеше колачиња во авион

Урнебесно: Голманот на Арсенал облечен како стујардеса делеше колачиња во авион

Голманот на лондонски Арсенал, Дејвид Раја, ја изненади јавноста облечен во костим на стјуардеса, додека им делеше колачиња на патниците во авион кој леташе кон Лас Вегас.

Раја одлучи да ја искористи паузата меѓу две сезони за да се ожени, а момачката вечер ја прослави токму во Лас Вегас.

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


На прославата присуствуваа не само неговиот брат Оскар, туку и шпанскиот комичар Томас Гарсија Серано, како и фудбалери од Ла Лига како Диего Рико Салгуеро од Хетафе и Адри Ембарба и Унаи Лопез од Рајо Ваљекано.

Друштвото беше одлично расположено, а на социјалните мрежи беше споделена фотографија на која шпанскиот фудбалер е облечен како стјуардеса, дели колачиња во авион.

Исто така, беа објавени и фотографии на кои Раја позира покрај базен со своите пријатели, но датумот на свадбата на Раја и манекенката Татиана Троубул се уште не е објавен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погба доби понуда од соништата, но дали е предоцна за него?

Пол Погба доби извонреда можност да се врати на врвот во фудбалот. Две цели години поминаа…