Дома Фудбал Урнебесна сцена: Хрватскиот ветеран намести гол, па падна врз – лаптоп! (Видео)

Урнебесна сцена: Хрватскиот ветеран намести гол, па падна врз – лаптоп! (Видео)

Иван Перишиќ (36) се соочи со комична ситуација за време на натпреварот за Холандскиот Суперкуп. Неговиот клуб, шампионот во Лигата, ПСВ, го освои трофејот со победа против екипата Го Ахед Иглс (2:1), а Перишиќ придонесе со асистенција за изедначување.

Иглс први поведоа во 35-тата минута со гол на Матис Сураја кој успеа да ја заврши акцијата по низок центаршут од левата страна. Домаќините изедначија во 78-та минута кога Иван Перишиќ ја премина левата страна и центрираше во срцето на казнениот простор, каде што Герит Наубер ја упати топката во сопствената мрежа. По голот, Перишиќ не можеше да застане и заврши во рекламите, а потоа и врз еден лаптопт. .

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Веќе не можеше да молчи: Вирџил ван Дајк брутално нападна легенда на англискиот фудбал

Зборови кои одекнаа посилно од било кој старт на теренот. Капитенот на Ливерпул веќе не мо…