Дома Фудбал Урнебесна реакција на Пике: Зема дрес од Барселона, но експресно го врати кога го виде името на грбот (Видео)

Урнебесна реакција на Пике: Зема дрес од Барселона, но експресно го врати кога го виде името на грбот (Видео)

Пике со воодушевување го зема дресот на Барселона, но брзо го врати кога виде кое име е на него

Жерар Пике ужива во својата фудбалска пензија откако се повлече од активното играње, но и понатаму привлекува многу внимание во јавноста, што го потврди видеото кое овие денови е главна тема на социјалните мрежи.

Анде Јанков - автор на крими романи: Блискоста на реалноста и фикцијата! ↓↓↓


Пике ги изненади сите кога крајот на 2022 година објави дека го раскинува договорот со Барселона кој траеше уште две години, и дека решил да се пензионира.

Овој 38-годишник го одигра првиот дел од таа сезона во дресот на Барселона, а потоа на 1 јануари 2023 година официјално заврши со активно играње фудбал.

Пензионирањето на Пике не му падна тешко бидејќи покрај фудбалот веќе успешно развил уште неколку бизниси на кои целосно им се посвети.

Иако веќе повеќе од две години го нема на сцената, Пике и понатаму знае да привлече многу внимание во фудбалската јавност, што го покажа и видеото кое веќе со денови е главна тема.

Имено, Пике беше гостин во една продавница која има неверојатна колекција на фудбалски дресови кои се стари по неколку децении.

Пике изврши детална обиколка и се потруди да види што повеќе дресови, а некои од нив особено ги погледна и кажа какви спомени има за нив.

Се разбира, во таа неверојатна колекција има и дресови на Барселона, а еден особено му падна во очи. Тоа беше дресот во кој Барса настапуваше кон крајот на минатиот век кога Пике како дете дојде во Ла Масиа.

“Ова беше мојот прв дрес кога дојдов во академијата на Барселона”, рече Пике и покажа кој дрес е во прашање.

Меѓутоа, иако беше многу возбуден кога го виде дресот на каталонскиот клуб, на крајот му исчезна насмевката од лицето кога виде чие име е на тој дрес.

Имено, во прашање е Луис Фиго кој тогаш играше во Барселона и го носеше дресот со број седум, и токму тој дрес го зеде Пике, но кога виде чие име е на него, побрза да го врати, што, се разбира, не им промакна на навивачите кога го видоа видеото.

@classicfootballshirts_ Choosing just 5 shirts from a possible 7000? All match worn? Good luck Gerard Piqué 🤯😅 What do you rate his choices out of 10? 🧐 #fy #fyp #foryou #pique #footballshirt #retroshirt #soccerjersey #soccer #jersey #futebol #camiseta #barcelona #trikot #retro #vintage ♬ original sound – Classic Football Shirts
.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал размислува за големо име како замена за Анчелоти!?

Реал Мадрид вчера го победи Леганес и остана во трка за шампион на Шпанија. Во Лигата на ш…