
Одбранбениот играч на Баерн Минхен Даио Упамекано не може да се договори со клубот за нов договор, а сегашниот му истекува следното лето. Баварците преговараат со претставниците на играчот долго време, но двете страни не се блиску до спогодба.
Агентот на стоперот, Муса Сисоко, исто така го усложнува животот на Баерн, нудејќи го својот клиент на клубови од Англија. Меѓу нив е и Манчестер Јунајтед, кој покажува интерес за фудбалерот. Откако се засилија во нападот, сега „црвените ѓаволи“ се насочени кон други позиции за подобрување.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
26-годишниот Упамекано е во Баерн од 2021 година и се очекуваше следната сезона да биде стартер, играјќи заедно со новото засилување Јонатан Та. Во иста ситуација е и неговиот соиграч од француската репрезентација, Ибрахима Конате, кој не може да се договори со Ливерпул за нов договор, а сегашниот му истекува во јуни 2026 година.