
Меѓународниот одбор на фудбалски сојузи (ИФАБ) направи измена на фудбалското правило кое предизвика најмногу дискусии во спортскиот свет во штотуку завршената сезона.
Моментот со пеналот на Хулијан Алварез, кој случајно ја допре топката двапати, го елиминираше Атлетико Мадрид од Лигата на шампиони, а Реал Мадрид се пласираше во следната фаза на натпреварувањето.
Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓
Иако вакви ситуации се случувале и порано, долго време не сме сведочеле на вакви случаи на така високо ниво на игра.
ИФАБ, на крајот на сезоната одржа неколку состаноци и реши да го измени правилото.
Во иднина, доколку дојде до истата ситуација, каде играчот случајно ја допира топката двапати при изведување на пенал, ударот ќе мора да се повтори, ако тоа резултира со гол.
Судиите досега имаа одредена слобода во одлуката, бидејќи овој прекршок претходно не беше регулиран со посебен член во фудбалските правила, но недостатокот на санкции беше сметан како неправеден, бидејќи голманот може да биде измамен од променета насока на топката.
Од јули 2025 година, официјалното фудбалско правило вели дека пеналот мора да се повтори доколку заврши со гол, а играчот претходно двапати случајно ја допрел топката.
“Изведувачот на пенал случајно ја шутне топката со двете нозе истовремено или топката ја допре ногата или стапалото кое не шутира веднаш по ударот: Ако пеналот резултира со гол, ударот се повторува”, вели новото правило од ИФАБ.
UEFA обезбеди снимки кои покажуваат дека Џулиан Алварез направил “минимален” контакт со топката при неговиот пенал против Реал Мадрид.
— ESPN FC (@ESPNFC) March 13, 2025
(via @UEFA) pic.twitter.com/FxH6MBzA8L