
Фудбалерите на Кристал Палас сѐ повеќе се оддалечуваат од можноста да играат во групната фаза на Лига Европа следната сезона, откако Европската куќа за фудбал (УЕФА) ја одби понудата на акционерите Џон Текстер и Дејвид Блицер да го префрлат нивниот удел во “слеп фонд” со цел да им овозможат на “орлите” да излезат на меѓународната сцена.
Само пред две и пол недели, по триумфот против Манчестер Сити во финалето на ФА купот, изгледаше дека ништо нема да ги спречи шармантниот лондонски клуб да ја обезбеди долгоочекуваната карта за европските натпревари по четврт век.
Време е за спектакл: Македонија - Белгија! ↓↓↓
Сепак, почетокот на јуни разочара многу од навивачите на “орлите”, бидејќи правилата на УЕФА јасно нагласуваат дека клубови со ист сопственик не можат да се натпреваруваат во исто натпреварување.
Проблемот за Палас се појави поради тоа што Текстер има удел и во Олимпик од Лион, кој исто така се квалификуваше за Лига Европа, што значеше дека рацете на лондонскиот клуб беа “заврзани” од овој момент.
Палас се надеваше дека уделите на Текстер не се доминантни во структурата на сопственост, но веста која ја сподели “Гардијан” вечерва е јасен показател дека УЕФА не е симпатична кон Палас.
Дополнителен проблем е што споменатиот бизнисмен има учество и во структурата на сопственост во Брондби, што означува дека Палас не би можел да се квалификува ни за Лига на конференции.
Трикот на кој се надеваше Палас беше легитимен, бидејќи претходно го имаа користено клубови чии сопственици имаат удел и во други. Но, рокот за такви маневри беше 1 март, кога “орлите” не размислуваа за Европа.
Фото: Crystal Palace/FB