Дома Фудбал Во Јунајтед разделба, заминува Бруно Фернандеш, понудата никого не зачудува

Во Јунајтед разделба, заминува Бруно Фернандеш, понудата никого не зачудува

Манчестер Јунајтед би можел да започне обновување на тимот по болниот пораз во Билбао. Останаа без Европа, но и со најлошиот пласман во историјата на ПЛ, само неколку места над зоната на испаѓање.

Поразот во финалето значи и повеќе од 100 милиони фунти помалку во касата колку што би донела учеството во Лигата на шампионите. „Црвените ѓаволи“, како што рековме, ќе променат неколку играчи, се зборува дека доаѓањето на Куња од Волвс е завршена работа, тоа е само почетокот, но на излезните врати ќе има многу фудбалери.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Дали меѓу нив е и Бруно Фернандеш.

Капитенот има понуда од сон, 200 милиони фунти за три години, погодете, станува збор за Саудиска Арабија, односно Ал-Хилал. По губењето на титулата, но и неуспехот во азиската Лига на шампиони, „Сините бранови“ чекаат тренер, многу лесно би можело тоа да биде Симоне Инзаги, а ќе следат и засилувања. Парите не се проблем, ќе видиме кој ќе му се придружи на Митровиќ, Сергеј и останатите ѕвезди во тимот. Една од опциите би бил Фернандеш, понудата е таква што би ја прифатил Португалецот. Одлучува Јунајтед, во ноќта на поразот капитенот рече дека ако клубот мисли да тргне нов пат, можеби и да заштеди трошоци, спремен е да замине.

Дипломатски, но прашање е колку би платиле Саудијците надомест за одличниот играч од средниот ред. Наводно, ќе падне британскиот рекорд, кога станува збор за продажба, го држи заборавениот Кутињо кој Барса го плати на Ливерпул со околу 135 милиони евра со бонуси. Од заливот плаќаат астрономски плати на играчите, обештетување баш и не, особено не троцифрено, но Фернандеш е крупен улов.

КОј уште би можел да ја наполни касата?

Хојлунд разочарува, е под силни критики, ќе видиме дали Јунајтед ќе најде купувач. Покрај споменатиот Куња, сакаат и Лајам Делап кој имаше одлична сезона во Ипсвич, иако „Трактористите“ испаднаа како од воз. Гарначо е незадоволен, сака да замине, не е во добри односи со Аморим. Од Бетис би требало да се врати Антони од позајмица, прашање е дали ќе остане.

Аморим во ноќта на поразот потенцираше дека клубот има план за трансфер лето без Европа, што многумина го протолкуваа како најава за кратење на играчкиот кадар.

Местата веројатно по 11 години за Лука Шо кој има плата од 150,000 фунти неделно, но и за Линделеф, како и Рашфорд, Санчо, Малација кои се на позајмица.

Фото: Grok AI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА се посрамоти: Чеферин остана без медали кога на ред дојде Сон (Видео)

Фудбалерите на Тотенхем во средата освоија трофеј по 17 години, а првиот европски по 41 го…