Вчера рускиот милијардер Роман Абрамович и официјално потврди дека си заминува од Челзи.
Најуспешните години тимот од „Стенфорд Бриџ“ ги имаше токму откако рускиот тајкун го презема раководењето. За менаџерот Томас Тухел ова е голема промена.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Прерано е да се зборува, но можам да кажам дека не можам да си го замислам Челзи без Абрамович. Уште не сме свесни дека навистина си заминува, секако дека станува збор за огромна промена. Не разговаравме за тоа пред натпреварот против Лутон, меѓутоа денес фудбалерите имаат интернет и следат се што се случува“.
„Некои фудбалери можеби беа позагрижени, но на крајот останавме фокусирани. Ова секако се големи вести, меѓутоа не сум човек кој се плаши од промени“, изјави Тухел.
Ќе потсетиме, Абрамович се одлучи на продажба на се што поседува на Островот поради ситуацијата во Украина и можните санкции поради неговиот близок однос со Владимир Путин.