Луис Енрике многу веројатно нема да биде селектор на Шпанија. Неговото заминување се најавуваше уште пред почетокот на Мундијалот, а со елиминацијата во осминафиналето тоа станува повеќе очекувано.
Шпанија вторпат по ред не успеа да го помине осминафиналето на Светското првенство, а во 2014 година испаднаа од групата, па така „фуријата“ е без успех уште од 2010 година кога во Јужна Африка ја освоија светската титула.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најавите од Шпанија се дека Енрике ќе си замине. Прв кандидат да го наследи е Марселињо Гарсија Торал, поранешниот тренер на Валенсија со која го освои Копа Дел Реј во 2018/2019. Во овој момент тој е без ангажман.
Втор на листата е поранешниот тренер на Барселона, Ернесто Валверде кој го наследи Марселињо во Атлетик Билбао. Валверде наводно е фаворитот на претседателот на федерацијата Луис Рубиалес.
Третиот кандидат е селекторот на репрезентацијата на Шпанија до 21 година, Луис Де Ла Фуенте. Во 2019 година тој беше младински шампион на Европа со Шпанија и се уште ја предводи оваа селекција.