Никола Јокиќ изминатата ноќ во НБА лигата одигра фантастичен натпревар предводејќи го Денвер до победа против Шарлот од 119:115.
Јокиќ успеа да запише cтрашен трипл-дабл од 40 поени, неверојатни 27 скока и 10 асистенции. Со ваквиот трипл-дабл тој стана само третиот кошаркар кој остварил двоцифрен учинок во три статистички категории, а при тоа имал најмалку 35 поени и 25 скока.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходно такво нешто им успеало само на Вилт Чембрлен и Елџин Бејлор и тоа во далечната 1968 година кога се играла и многу поинаква кошарка.
НБА РЕЗУЛТАТИ: Бостон-Орландо 92-95, Индијана -Њујорк 106-109, Детроит-Бруклин 121-124, Торонто-Голден Стејт 110-126, Минесота-Чикаго 150-126, ЛА Лејкерс-Вашингтон 119-117.