Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) официјално го предаде новиот хибриден терен на Националната арена „Тодор Проески” на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП).
Фудбалската федерација на Македонија, согласно договорот со Јавното претпријатие кое стопанисува со Националната арена, денеска официјално ги заврши своите активности за поставување и одржување на новата тревна подлога на Националната арена „Тодор Проески” во Скопје.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалската федерација на Македонија целосно го обнови тревникот на нашиот најголем стадион со поставување на најсовремена и хибридна површина. Новата подлога ја спојува природната трева со најсовремените синтетички материјали, притоа обезбедувајќи одлична издржливост и еластичност.
Со поставувањето на хибридната трева од најновата генерација на Националната арена и со вградување на целосно нов систем за наводнување се овозможува на нашиот стадион да се одигруваат натпревари во текот на целата година, без оглед на временските услови, притоа одржувајќи ги највисоките стандарди за игра.
„Оваа инвестиција ја нагласува нашата посветеност на обезбедување највисоки услови за одигрување на репрезентативни и клупски натпревари и повторно ја враќа нашата Национална арена како врвно место за фудбал на сите нивоа. Ја изразуваме нашата благодарност до сите кои беа вклучени во реализацијата на овој проект, посебно на АДИССДП и со нетрпение очекуваме да им посакаме добредојде на фудбалерите на Националната арена”, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.
Средствата за новата подлога на Националаната арена целосно ги обезбеди ФФМ преку „Хет – Трик” проектот на УЕФА за фудбалска инфраструктура.
На новиот тревник, во првата фаза се работеше на поставување на вештачка површина, а потоа следуваше сеење на природната трева. Природната трева создава густина и компактност, поради што во сезоната на најсилна вегетација разликата е практично невидлива. Во сезоната на најслаба вегетација, односно во декември, јануари, февруари, односот е приближно 70-30 во корист на природната трева, додека во сезоната на полна вегетација, односот се зголемувa. Поставувањето на хибридна подлога е ефикасно решение, се разбира доколку правилно се одржува и се искористува на пропишаниот начин.