Денес англиската фудбалска Премиер лига објави дека постигнала договор за продажбата на телевизиските преноси од натпреваирте со „Скај Спорт“, „БТ Спорт“, „Амазон Прајм Видео“ и „Би-Би-Си Спорт“.
Договорот за правата е вреден околу 5.5 милијарди евра и има важност од 2022 до 2025 година. Износот е приближно на претходниот тригодишен договор за 1.83 милијарди евра по сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со овие 5.5 милијарди евра Премиер лигата е на водечкото место од заработката според ТВ правата пред француската Лига 1 со приход од 1.172 милијарди евра (2020-2024), германската Бундеслига 1.16 милијарди евра (2017-2021), шпанската Ла Лига (1.14 милијарда евра) и италијанската Серија А со заработка од 973 милиони евра по сезоната (2019-2021).