Дома Фудбал Останато Tажни вести: Му пресудија на новинарот кој ја разоткри корупцијата во ФИФА

Tажни вести: Му пресудија на новинарот кој ја разоткри корупцијата во ФИФА

Oд Африка ни пристигнуваат тажни вести.

Полицијата во Гана денес соопшти дека е убиен истражувачкиот новинар кој ја разоткрил корупцијата во фудбалот.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Како што се наведува, Ахмед Хусеин е убиен доцна во изминатата ноќ, откако напаѓач на мотор во движење го погодил во пределот на вратот.

Хусеин беше дел од новинарскиот тим на тајна задача кој го предводеше Анас Аремајав Анас, познат истражувачки новинар во Гана.
Анас на друштвените мрежи ја потврди смртта на неговиот колега.

„Тажни вести, но нема да не замолчите. Почивај во мир“, напиша Анас.

Треба да се истакне дека нивното истражување доведе до тоа тогашниот член на советот на ФИФА, Квеши Нјантаки, втор најмоќен човек во афричкиот фудбал да заработи доживотна суспензија поради мито и корупција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Винисиус го наруши молкот после дебаклот во Лондон

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор за прв пат јавно проговори за вчерашниот тежок по…