
Лос Анџелес Лејкерси синоќа ги совладаа Хјустон Рокетс, а домаќините славеа во Крипто.ком Арената со 104:98 и го постигнаа 46-тиот триумф во сезоната.
Сега Лејкерси се на прагот да обезбедат директен пласман во плејофот, бидејќи се наоѓаат на четвртото место на табелата на Западната конференција, а утринскиот натпревар беше обележан со одличните потези на Лука Дончиќ и Леброн Џејмс.
Анде Јанков - македонски автор: Тајните на пишување добар крими роман!? ↓↓↓
Тие буквално го посрамија центарот на Рокетсите, Турчинот Алперен Шенгун, кому Дончиќ му “скроши згловови” со неверојатен двојен дрил, со кој го испрати на подот.
ЛУКА ДОНЧИЌ ГО СРУШИ АЛПЕРЕН ШЕНГУН 😳pic.twitter.com/EA4AummMew
— ClutchPoints (@ClutchPoints) April 1, 2025
Потоа, во драматичниот крај на натпреварот на сцена се појави и Џејмс, кој при резултат 102:98 за својот тим брутално го блокираше Шенгун и го спречи да ги приближи Рокетсите на само два поени разлика, осум секунди пред крајот. Таа блокада можете да ја погледнете подолу.
ЛЕБРОН ЏЕЈМС БЛОК. 🔥🔥🔥
— Hoop Central (@TheHoopCentral) April 1, 2025
pic.twitter.com/258EY066Zl
Иначе, со по 20 поени, најефикасни играчи на Лејкерси беа Лука Дончиќ, Доријан Финни-Смит и Габе Винсент, а Словенецот на тој скор во поени додаде и 9 асистенции и 6 скокови.
Кај Хјустон, најдобар беше Амен Томпсон со 20 поени, 5 скокови, 4 асистенции и по две украдени топки и блокови. Со 16 поени го следеше Дилон Брукс, а 15 додаде Џабари Смит Џуниор.