Дома Фудбал Тудор разочаран од играта на Тотенхем: Немаме доволно квалитет за да постигнеме гол

Тудор разочаран од играта на Тотенхем: Немаме доволно квалитет за да постигнеме гол

Игор Тудор, тренерот на Тотенхем, ги критикуваше своите играчи по уште еден пораз во Премиер лигата, овој пат од Фулам со резултат 1:2.

Хрватскиот стратег истакна дека се соочува со голем број проблеми во тимот.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


– Проблемите се многу комплицирани и состојбата во клубот не е воопшто лесна. Има многу прашања со кои треба да се соочиме и не можам да додадам ништо ново дури и по оваа средба. Мораме да најдеме решенија и сила во секој од нас за да излеземе од оваа ситуација – додаде Тудор.

Составот на Тотенхем го доживеа вториот пораз од кога Тудор е кормилар, и тимот се приближува до опасната зона на табелата.

– Ни е потребна поединечна иницијатива, поголема желба за да се предизвика ситуација отколку да се чека да реагираме. Многу нешта ни недостасуваат. Ни недостасува квалитет за да постигнеме погодок, ни недостасува енергија во средината, и стабилност во одбраната за да останеме цврсти и да избегнеме примање на голови. Тоа е навистина изненадувачка ситуација – изјави Тудор.

За Тотенхем ова беше четвртиот последователен пораз во Премиер лигата, и во овој момент иднината на минатогодишниот освојувач на ФА Купот во најелитното натпреварување е под прашање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Eве кој би можел да го замени Иран на Светското првенство!

Претседателот на Фудбалската федерација на Иран, Мехди Тај, ја отвори можноста за нивно по…