Дома Фудбал Тудор по поразот: Се повеќе верувам дека мојот брод плови во вистинската насока

Тудор по поразот: Се повеќе верувам дека мојот брод плови во вистинската насока

ИГОР ТУДОР го претрпе и својот трет пораз како менаџер на Тотенхем во неговиот трет лигашки натпревар. Тотенхем на домашен терен загуби од Кристал Палас со резултат 1:3, и тоа со играч помалку. Девет кола пред завршувањето на сезоната во Премиер лигата, тимот на Тудор се наоѓа само еден поен над зоната за испаѓање.

Домаќинот го отвори резултатот во 34. минута со гол на Доминик Соланке, но само три минути подоцна беше ослабен на теренот поради црвениот картон на капитенот и дефанзивецот, Мики ван де Вен. Тој беше исклучен откако како последен човек во одбраната го собори Исмаила Сар. Сар го израмни резултатот од пенал, а во судиското продолжение на првото полувреме следеше пресврт. Јорген Странд Ларсен постигна гол во првата минута од надоместокот, а Сар повторно беше прецизен во седмата минута, поставувајќи го конечниот резултат од 1:3.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Се шпекулираше дека Тудор може да биде разрешен ако не извојува победа, и сега неговата иднина на клупата на Тотенхем е неизвесна. Со овој пораз, тимот остана само поен над зоната за испаѓање. Илјадници навивачи ја напуштија арената дури и пред крајот на првото полувреме, изразувајќи го своето незадоволство со свирежи.

Тудоровиот брод стана вирален

По натпреварот, Тудор одржа прес-конференција, а изјавата со која започна стана вирална: “Ќе ви звучи чудно, но по овој натпревар ми се зголеми вербата повеќе отколку претходно. Видов нешто во тимот. Бродот плови во насоката во која јас сакам. Кој е на бродот, може да остане. Останатите можат да се симнат.” На прашањето дали размислува за оставка, Тудор одговори: “Не размислувам во таа насока. Имам работа што треба да ја завршам, и тоа е сè.”

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Повредата на Роналдо е посериозна отколку што се мислеше, отпатувал на лекување во Шпанија

Тренерот на Ал-Наср, Жорже Жезус, објави дека повредата на португалската ѕвезда Кристијано…