Дома Фудбал Тудор има голем проблем во Тотенхем: Само што дојде, а играчите веќе не го слушаат – оваа снимка е доказ!

Тудор има голем проблем во Тотенхем: Само што дојде, а играчите веќе не го слушаат – оваа снимка е доказ!

Тотенхем продолжува со серијата на слаби резултати во Премиер лигата и по назначувањето на Игор Тудор како нов тренер.

Лондонскиот клуб претрпе убедлив пораз во градското дерби против Арсенал со 1:4, и очигледно е дека хрватскиот тренер не успеа да ја раздвижи атмосферата во тимот. Сведок на тоа е споделено видео од натпреварот, кое покажува дека играчите не го сфаќаат сериозно.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Тудор дебитираше на клупата на “Петлите”, но изгледа дека веќе не ја има поддршката и довербата од своите играчи. Во една ситуација, тој се обиде да му укаже на Мики Ван де Венте дека треба да се премести, но Холанѓанецот само го гледаше, без да реагира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доби критики од Мбапе, па остана без настап на последните три натпревари

Франко Мастантуоно дојде како големо засилување за иднината на Реал Мадрид, а по сè изглед…