
Барселона до крајот на сезоната ќе биде без Феран Торес. Офанзивниот 25-годишен играч, стрелец на 19 голови и асистент за седум гола во 45 одиграни натпревари во оваа сезона, ќе го пропушти остатокот од сезоната поради операција на слепо црево.
На операција ќе се подложи денес, што е и причина поради која нема да настапи во денешниот дуел против Еспањол. Натпреварите против Вилјареал и Атлетик, со кои Барса ја завршува сезоната, ќе ги пропушти поради закрепнување по операцијата.
Феран Торес во победата против Реал Мадрид (4:3), со која Барса дојде на чекор до титулата, учествуваше со три асистенции. Во последно време играше во добра форма, па од средината на февруари до средината на мај во лигашките успеси на Барселона додаде шест гола и четири асистенции. Само две првенствени натпревари во 2024/25. одигра во целосно време.
Фото: Принтскрин