Дома Фудбал Три клуба се заинтересирани за Харви Елиот, Ливерпул бара минимум 40 милиони

Три клуба се заинтересирани за Харви Елиот, Ливерпул бара минимум 40 милиони

Додека Харви Елиот продолжува да го воодушевува јавноста со своите игри на Европското првенство до 21 година, неговата иднина во Ливерпул станува сѐ понесигурна.

Само фудбалерот неодамна призна дека се наоѓа во таква возраст, кога му се потребни редовни настапи. Во минатата сезона Елиот започна како стартер само на два натпревара во Премиер лигата, и тоа откако веќе Ливерпул ја имаше обезбедено титулата. По доаѓањето на Флориан Виртц, се чини дека неговите шанси ќе станат уште поретки.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа, интерес за Елиот не недостасува. Според “Дејли Мејл”, веќе три клуба покажале интерес за него. Тоа се Брајтон, Вест Хем и РБ Лајпциг. Изданието тврди дека Ливерпул ќе бара минимум 40 милиони фунти за 22-годишниот фудбалер, кој досега има 147 натпревара за мрсисајдци.

Елиот никогаш не криел дека од дете е страствен навивач на Ливерпул. Токму поради оваа причина, навивачите на “Енфилд” го сакаат исклучително многу. Мрсисајдци го доведоа во 2019 година од Фулам, кога платија на лондончани отштета во износ од 4,3 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Њукасл спремен да го пушти Исак во Ливерпул

Bританските медиуми во петокот објавија дека раководството на Њукасл очекува нова понуда о…