Дома Фудбал Три европски земја размислуваат за бојкот на СП!

Три европски земја размислуваат за бојкот на СП!

Организирањето на Светското првенство е доведено во прашање бидејќи се повеќе европски земји разгледуваат можност за бојкот на натпреварите поради напнати односи со САД, а сега целиот случај ескалирал и до политичарите, пишува La Gazzetta dello Sport.

Поточно, протестите ги предводи Данска, каде што јавноста е незадоволна поради барањето на американскиот претседател Доналд Трамп за присвојување на Гренланд, поради што дури 90 проценти од Данците го поддржуваат можниот бојкот на Светското првенство. Таквото расположение се проширило и во соседна Шведска.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во Германија, ова прашање го отвори потпретседателот на нивната Фудбалска федерација, Оке Гетлих, кој во колумна за Hamburger Morgenpost праша дали е време да се размисли за некоја цврста акција.

Неговата реакција дојде по повикот на навивачите на Сент Паули, кои побараа од ФИФА признавање на фудбалската федерација на Гренланд, што би бил симболичен чин што го поддржаа и некои политичари од Христијанско-Демократската Унија (ЦДУ).

Да напоменеме, Данска и Шведска се’ уште не обезбедиле учество на Светското првенство и во март, исто како и селекцијата на Босна и Херцеговина, ќе ги чекаат дополнителни квалификации.

Освен тоа, дополнителни проблеми во Америка предизвикуваат безбедносните прашања, особено по неодамнешните сцени од Минеаполис, каде што 3.000 агенти на имиграциската служба ИЦЕ беа распоредени во склоп на антиимиграциската операција.

Напнатата меѓународна клима, растечките внатрешни тензии во САД и неизвесноста околу визите се причините зошто идејата за бојкот станува сѐ посилна од недела во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Манчестер Јунајтед на барање на Карик прави потег каков не е виден 30 години!

Тренерот роден во Њукасл беше поставен за менаџер на Манчестер Јунајтед на почетокот на ја…