Дома Фудбал Тргна со плата од 300 евра, а овој викенд ќе израмни голем рекорд во Премиер лигата

Тргна со плата од 300 евра, а овој викенд ќе израмни голем рекорд во Премиер лигата

Дваесет и четири години по неговото дебитирање, 40-годишниот Џејмс Милнер в недела против Кристал Палас ќе го израмни рекордот по бројот на настапи во Премиер лигата ако заигра за својот Брајтон. Блескавата кариера што се простира на повеќе од две децении вклучува шест првокласни клубови, 652 настапи во Премиер лигата, 61 настап за Англија, три шампионски титули, два ФА купa и еден триумф во Лигата на шампиони.

Милнер ќе се израмни со Герет Бери, кој одигра 653 натпревари, на врвот на вечната листа на настапи во Премиер лигата, 8.491 ден откако дебитираше за својот роден клуб Лидс Јунајтед веднаш по завршувањето на училиштето во 2002 година. Кариерата ја започна со 16 години, играјќи за Лидс со плата од 320 евра месечно. Наскоро стана најмладиот стрелец во историјата на Премиер лигата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Со 16 години и 356 дена постигна гол против Сандерленд на гости. Потоа следуваше позајмица во Свиндон Таун, па продажба во Њукасл за шест милиони евра. Таму капитен му беше големиот Алан Ширер. “Милнер има одличен менталитет, сака да се подобри. Стрплив е, но понекогаш знае и да се налути. Неколку пати го видов фрустриран низ кариерата”, изјави Ширер за својот поранешен соиграч.

Преку Астон Вила стигна до Манчестер Сити, на кој му подари пет години од својата кариера. Познат е по својата поливалентност, способноста да игра на разни позиции. Во Сити знаеше да игра на сите позиции во средниот ред, па дури и во нападот. Во Ливерпул, сепак, имаше потивка улога.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

УЕФА го казни Реал Мадрид, позната и причината

Реал Мадрид се соочи со нови санкции од УЕФА по последното коло на Лигата на шампионите. К…