Дома Фудбал Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Тренерот на женскиот Б тим на Валенсија загина со своите три деца

Во саботата Валенсија ги потврди трагичните вести дека тренерот на женскиот Б тим на овој клуб, Фернандо Мартин и неговите три деца загинаа во бродолом во Индонезија.

„Сите ние во клубот во ова навистина тешко време сакаме да испратиме поддршка и сочувство до семејството и пријателите и нашите колеги во женскиот клуб и академијата за фудбалерки“, објавија од Валенсија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Трите деца кои трагично настрадаа со Мартин имаа 12, 10 и 9 години. Ги преживеаја неговата сопруга Андреа и ќерката Мар, кои спасувачите успеаја да ги извлечат по бродоломот. Спасени се и четири члена на екипажот и туристичкиот водич. Потрагата е попречена од бранови високи до еден и пол метар и силни струи.

Шпанските медиуми пренесуваат, повикувајќи се на властите на Индонезија, дека спасувачите трагаат по четворицата загинати, Мартин и неговите три деца. Се претпоставува дека потрагата може да трае до неколку дена.

До трагедијата дојде во Индонезија, блиску до островот Падар, источно од Бали, кога бродот потона околу 20.30 часот поради дефект на моторот, според првите извештаи.

Потврдено е и дека сопругата и ќерката на тренерот се пренесени во Лабуан Баџо, каде што веќе пристигнал конзулот на Шпанија.

Изразите на сочувство пристигнуваат од Фудбалската федерација на Шпанија и сите клубови во оваа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јунајтед нуди на Белингам 15 милиони годишно за договор од 6 години

Манчестер Јунајтед пројавува интерес за напаѓачкиот играч од средниот ред на Реал Мадрид, …