Дома Фудбал Тренерот на Севиља ја доби најголемата суспензија во историјата на Ла Лига!

Тренерот на Севиља ја доби најголемата суспензија во историјата на Ла Лига!

Тренерот на Севиља, Матиас Алмеида, доби суспензија од седум натпревари и нема да може да ја води својот тим.

Алмеида беше исклучен од натпреварот со Алавес, кој заврши со резултат 1:1, откако доби црвен картон.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Аргентинецот остро протестираше во 85. минута против судијата Матиас Хесус, кој го испрати на трибините.

Во својот извештај, главниот судија ги образложи причините за својата одлука, а Дисциплинската комисија потоа ја разгледа ситуацијата и одлучи Алмеида да биде суспендиран на седум средби.

Се наведува дека Алмеида е казнет не само поради протести, туку и за несоодветно однесување, навредување и удирање на топката.

Севиља по оваа одлука ја истакна својата поддршка за тренерот преку официјално соопштение и најави дека ќе поднесе жалба и ќе преземе правни чекори.

Ако жалбата на Севиља не биде прифатена, Алмеида ќе се врати на клупата дури на 22 април во натпревар против Леванте.

Шпанските медиуми потенцираат дека ова е најголемата суспензија за еден тренер во Ла Лига.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаф на Гранит Џака: Со погрешно знаме честиташе независност на Косово

Објавата на Гранит Џака, која беше наменета како честитка за Денот на независност на Косов…