Дома Останати Кошарка Тренерот на Партизан одбил да го ангажира Јокиќ со срамен одговор

Тренерот на Партизан одбил да го ангажира Јокиќ со срамен одговор

Никола Јокиќ на 15 години учествуваше на еден камп на Златибор, а тогашниот тренер на Партизан, Горан Тадиќ, беше повикан да ги процени неговите квалитети и да разгледа дали е доволно добар за „црно-белите“.

Сето ова го откри првиот тренер на Јокиќ, Исидор Рудиќ, во книгата „Why So Serious?“ на новинарот Мајк Сингер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


– На балконот, со поглед кон теренот, тренерот на Партизан, Горан Тадиќ, гледаше преку оградата и без многу размислување го рече следното: ‘Ме повикавте заради овој момче? Нема ниту да се симнам на теренот. Имаме многу вакви момчиња во Белград’ – открива Рудиќ.

Јокиќ на крајот не заврши во младинските категории на Партизан, за подоцна преку Мега да замине во НБА лигата и да стане најдобриот кошаркар на планетата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Црвен аларм во Словенија: Соиграч го повреди Дончиќ пред Европското првенство!

Кошаркарската репрезентација на Словенија доживеа четврти пораз во четири подготвителни на…