Дома Фудбал Тренерот на Лудогорец си најде алиби: Во Скопје изгубиле поради теренот

Тренерот на Лудогорец си најде алиби: Во Скопје изгубиле поради теренот

Тренерот на Лудогорец, Руи Мота, по поразот од Шкендија во Скопје (2:1), најмногу вината ја насочи кон состојбата на тревникот на „Тодор Проески“.

Португалецот смета дека неговиот тим добро влегол во натпреварот и го отворил резултатот, но нерамниот и тежок терен не дозволил гостите да ја развијат својата препознатлива игра.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Теренот беше далеку од идеален и тоа се одрази врз нашата игра. Кога ја држевме топката предолго, Шкендија добиваше простор да тргне во брзи напади“, рече Мота.

Тој призна дека и покрај подготовките за вакви услови, неговите фудбалери пречесто губеле топки, што им овозможило на тетовчани да ја користат својата брзина и директните додавања. Сепак, нагласи дека теренот не може да биде алиби за неуспехот.

„Мораме да реагираме подобро и да имаме поголема сигурност во секој дел од играта“, додаде стратегот на Лудогорец.

Реваншот е закажан за следниот четврток во Разград, каде ќе се одлучува кој ќе игра во групната фаза од Лигата на Европа.


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Палмер во спектакуларен трансфер го напушта Челси?!

Пеп Гвардиола беше тој кој го продаде Палмер во Челси во септември 2023 година, за околу 5…