
Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, имаше долг изблик по натпреварот, барајќи судиите да бидат професионалци, а сето тоа кулминираше со бизарен момент кога ја бакна новинарката за сликовито да го објасни своето гледиште. “Контактот не е удар,” порача по хаотичното 2:2 реми со Лацио, во кое неговиот тим се врати откако губеше 2:0.
Тренерот на Јувентус беше видливо вознемирен по натпреварот во кој за Лацио постигнаа голови Педро и Густав Исаксен, додека Јувентус израмни со голови на Вестон Мекени и Пјер Калулу. Натпреварот беше обележан со неколку контроверзни ситуации.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
При резултат 0:0, на Јувентус му беше поништен голот на Теун Копмејнерс поради офсајд од Кефрен Турам, а постоеше и потенцијален прекршок на Марио Гиле над Хуан Кабал во акција која му претходеше на тој обид. Аналитичарот на „ДАЗН“, Лука Марели, сметаше дека тоа требаше да биде пенал, што го поттикна тирадот на Спалети.
„Правилата сега се премногу лоши, тоа според мене е проблем. Ако никој дури и не забележи дека топката ја погоди раката, кој е оштетен со тоа? Аналитичарите постојано велат ‘имаше контакт’, но тоа не значи ништо, зарем не? Можам ли да ве бакнам?”, ја праша Спалети новинарката и потоа ја бакна на образ. “Еве, ова е контакт.”
.Luciano Spalletti: “Докунunca faul çalıyorlar. Bir öpücük vereyim… Bak işte bu da faul. Okşadım, faul. Tokat mı? O da faul. Yeter artık. Her şeye faul çalarak futbolu katlediyorsunuz.” pic.twitter.com/5msr93HFr5
— Madrid Media (@MadridMedia_) February 9, 2026