Дома Фудбал Тренерот на Астон Вила во жестока пресметка со својот играч

Тренерот на Астон Вила во жестока пресметка со својот играч

Тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, беше снимен во остар конфликт со својот играч Тилеманс, откако го замени пред крајот на натпреварот. Во момент на бес, Емери му викаше и го турна белгискиот играч кон клупата за време на победата од 1:0 против Фенербахче во Европа лигата.

Настанот се случи на самиот почеток на судиското продолжение на натпреварот во Истанбул. Откако беше заменет, Тилеманс и пријде на клупата и се обиде да се поздрави со тренерот, но Емери го одби. Наместо да се смири, тој почна драматично да мавта со рацете и да му вика в лице пред да го турне. Тилеманс не одговори на агресивното однесување, спречувајќи понатамошна ескалација на ситуацијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Причината за лутината на Емери не е позната. При прашање за инцидентот во интервју по натпреварот, тренерот само кратко изјави: “Тој е мојот син, тој е мојот син”. И покрај тензиите покрај теренот, Астон Вила успеа да го задржи водството. Единствениот гол на натпреварот го постигна Џејдoн Санчо со глава во 25-та минута.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Стигнаа вести за Кристијано Роналдо кои никој не сакаше да ги чуе

Кристијано Роналдо во моментот го носи дресот на саудискиот Ал Наср и договорот со овој кл…