Дома Фудбал Трансферот на Ѓокереш може да пропадне

Трансферот на Ѓокереш може да пропадне

Трансферот на Виктор Ѓокереш е во сериозна опасност да пропадне. Од Спортинг настојуваат на барањето за 80 милиони евра за да се разделат со 27-годишниот голгетер.

Од Арсенал пак, нема никаков знак веќе шест дена и почнува сериозно да се наѕира можноста никогаш да не биде достигната посакуваната сума од „зелено-белите“.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Арсенал првично понудија 55 милиони евра плус уште 10 милиони во форма на бонуси за шведскиот репрезентативец, но не поднесоа официјална понуда, бидејќи „топџиите“ сфатија дека се нереални надежите да ја финализираат зделката со такви параметри.

Понатаму лондонците ја зголемија понудата, но таа повторно се покажа како недоволна и зделката скоро пропадна. Потоа преговорите беа обновени, но во атмосфера на крајни позиции и напнатост. Договор сепак не беше постигнат и сега трансферот може комплетно да пропадне.

Последните разговори меѓу двете страни се одржаа овој понеделник, по што двете страни не разговарале. Покрај тоа, тимот од англиската престолнина веќе замина на својата летна турнеја во Азија, каде ќе одигра пријателски натпревари со Милан, Њукасл и Тотенхем. Интересно е што во исто време Спортинг има натпревар за Суперкупот на Португалија против Бенфика.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каков Меси: „Десетката“ на Јамал руши рекорди на продажба

Ламин Јамал руши рекорди, Барселона руши рекорди и одлично заработува. Младиот напаѓач на …