Дома Фудбал Трансфер-периодот само делумно заврши: Ова се најбараните слободни играчи на пазарот

Трансфер-периодот само делумно заврши: Ова се најбараните слободни играчи на пазарот

Преодниот рок во петте најдобри европски лиги заврши заклучно со 1-ви септември, но тоа не е случај во многу други држави, меѓу кои и Македонија, каде што е можно да се купуваат нови фудбалери до 19-ти септември.

Без оглед на временското ограничување, клубовите ширум светот во секое време имаат можност да потпишуваат фудбалери кои се без ангажман, а листата на овие играчи денес е прилично интересна.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


На списокот на слободни играчи ова лето и натаму се наоѓаат фудбалери како Кристијан Ериксен, Хаким Зијеш, Миралем Пјаниќ, Самуел Умтити, Лоренцо Инсиње, Серхио Регилон, Такехиро Томијасу, Алекс Окслејд-Чемберлен, Адам Уна, Карл Токо Екамби, Деле Али, Дијего Лакшалт, Патрик Бамфорд, Висам Бен Једер, Рафинја, Хуан Бернат, Ѓакомо Бонавентура, Роберто Гаљардини.

Ќе се согласите дека станува збор за исклучително квалитетни фудбалери, светски и европски клубски и репрезентативни шампиони, чии кариери во последните неколку сезони не беа особено успешни.

Без ангажман се уште и Пако Алкасер, Рик Карсдорп, Емануел Денис, Јан Карамо, Мунир Ел Хадади, Јанис Хаџи, Алиреза Џаханбакш, Кристијан Тељо, Симоне Верди, Винсент Абубакар, Ориол Ромеу, Стефано Сенси, Тјемује Бакајоко, Бенжамен Менди, Лајвин Курзава…

Фото: Принтскрин

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нема крај на агонијата за Робињо: Ќе остане во затвор

Бразилските судови ја отфрлија последната жалба на одбраната на поранешниот бразилски репр…