Дома Фудбал Трансфер „бомба“: Ливерпул и Леверкузен се договорија – Вирц доаѓа на Енфилд во рекорден трансфер

Трансфер „бомба“: Ливерпул и Леверкузен се договорија – Вирц доаѓа на Енфилд во рекорден трансфер

ФЛОРИЈАН ВИРЦ (22) наскоро официјално ќе стане нов играч на Ливерпул. Според јавувањата на Фабрицио Романо, Ливерпул ги завршил преговорите со Баер Леверкузен и ќе плати 150 милиони евра за Вирц. Според Трансфермаркт, ова ќе биде третата најголема зделка во историјата на фудбалот, после трансферите на Нејмар и Мбапе во ПСЖ, и истовремено најзначајната аквизиција во овој преоден рок.

Вирц ги утврдил личните услови со Ливерпул пред две недели и сега само му преостанува да го помине медицинскиот преглед и да го потпише договорот со овој англиски гигант. Ливерпул гледа во него долгорочно решение за средниот ред и еден од носителите на играта во наредниот период.

Најскапиот трансфер во историјата на клубот

Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓


Ова истовремено ќе биде и најскапиот влезен трансфер во историјата на Ливерпул. Според податоците на Трансфермаркт, досега најскапи трансфери во историјата на Ливерпул се трансферите на Дарвин Нуњез, Вирџил ван Дајк и Доминик Собослаи. Најголемата сума Ливерпул ја има платено за уругвајскиот напаѓач Дарвин Нуњез, кој летото 2022 година дојде од Бенфика за 85 милиони евра (со бонуси сума се доближила до 100 милиони).

На второ место на таа листа е Вирџил ван Дајк, кој во јануари 2018 година се пресели од Саутемптон за 84.65 милиони евра. Оваа сума во тоа време беше рекордна за еден дефанзивец. Ван Дајк многу брзо стана столб на одбраната и клучна фигура во успесите на Ливерпул под водство на Јирген Клоп, вклучително и освојувањето на Лигата на шампиони и Премиер лигата.

Третото место го држи Доминик Собослаи, унгарскиот офанзивен играч за врска кој во 2023 година дојде од РБ Лајпциг за 70 милиони евра. Неговото доаѓање е дел од поголеми измени во средниот ред на клубот, а Ливерпул во него гледа долгорочно решение за клучните позиции во средината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Maнчестер јунајтед го претсстави големото засилување: Како дете го гледав само овој клуб

Манчестер јунајтед го претстави своето прво големо засилување за следната сезона, а тоа е …